Темно Режим Светло Режим

Украина веќе должи повеќе од 116 милијарди евра

Државниот долг на Украина заклучно со 30 април изнесува 124,3 милијарди долари, што е приближно 116,1 милијарди евра, објави денеска претседателот на комисијата на украинскиот парламент на Врховната рада за финансиска, даночна и царинска политика, Данило Гетманцев. Во соопштението на својот канал на Телеграм, Гетманцев додаде дека националниот долг на Украина во април се зголемил за 4,4 милијарди долари или 4,1 милијарди евра.

Тој прецизираше дека учеството на надворешниот долг во структурата на јавниот долг изнесува 66,9 отсто – пред почетокот на конфликтот со Русија бил 60,9 отсто, а учеството на внатрешниот долг е 33,1 отсто – пред конфликтот бил 39,1 отсто.

Учеството на јавниот долг во девизи е 69,8 отсто, додаде Гетманцев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Во само три месеци од оваа година имаме 1 577 лица повеќе умрени од родени

Следниот Пост

Повеќе од 50 пациенти се на листата на чекање за терапија за мултипла склероза