Курти за изјавата на Блинкен: Наивна, нефер и погрешна

Наивна, нефер и погрешна, вака премиерот на Косово Албин Курти за  британскиот весник „Гардијан“ ја опиша изјавата на државен секретар на САД Ентони Блинкен, за настаните на северот на Косово. Блинкен, претходно истакна дека одлуката за употреба на сила за влез во општинските згради на северот е донесена спротивно на советите на американските и европските партнери и дека дошло до непотребно ескалирање на тензиите.

Мислам дека тоа не само што е неправедно, погрешно и навредливо, туку во исто време е и многу наивно“, изјави Курти за Гардијан.

Косовскиот премиер, исто така, истакна и дека изјавата на Блинкен и барањата за запирање на полициските активности на северот дефинитивно не биле корисни.

Според Репортери, Курти,воедно, посочил и дека разговарал со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој побарал градоначалниците на север да се преселат во други објекти или да работат од дома, а тој одбил.

– Не можеме да имаме „зум“ градоначалници, ние сме демократска република, која не може да се предаде на фашистичките паравоени формации. Вчера беше многу тежок ден, за среќа не загубивме животи, заклучил Курти.

Повеќе од 30 припадници на НАТО беа повредени во судирите во понеделникот, поради што воената алијанса објави дека ќе испрати уште 700 војници на Косово.

Насилството на северот започна во петокот, кога албанските градоначалници на општините со српско мнозинство влегоа во општинските згради со помош на полициски сили.

Претходна вестВо Националниот парк Шар Планина ќе се легализираат објекти кои ќе се користат за туризам
Следна вестСтипе Месиќ: Атрактивноста на ЕУ помалку избледнува, во Брисел се бирократи со големи плати