Бугарски пратеници се степале после меѓусебните обвинувања дека со нив раководат странските амбасади

На денешната пленарна седница во бугарското Собрание денеска избила тепачка. Тепачката се случила помеѓу пратениците на политичката партија „Преродба“ и пратениците од партијата „Продолжуваме со промените“.

Како што објави бугарската БНТ1, пратениците од „Преродба“ побарале од пратениците на „Продолжуваме со промените“ да го напуштат Парламентот, бидејќи дозволиле државата да ја преземат странски амбасади.

На оваа Пратениците од ПП-ДБ веднаш го возвратиле ударот и им порачале на колегите од спротивниот табор дека членуваат во проруска партија.

Претходна вестШведска може да биде прогласена за земја „без пушење“
Следна вестЕУ погледна преку „шпионката“ и пак ни кaжа колку многу не сака и ќе ни помага