Во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна возраст, поради компликации поврзани со Ковид-19, починал докторот Арификмет Деари, уролог од Тетово. Ова го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, денска преку Фејсбук.
Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил позитивен и на корона вирусот. По 15 дена болничко лекување, ја загубил битката со болеста.
-Доктор Деари беше само на неколку месеци до пензионирањето, тој е првиот лекар кој почина од компликации со корона вирусот, напиша Филипче кој изрази жалење и длабоко сочуство до семејството.
Министерот воедно упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.