Уште седуммина ја изгубија битката со ковид во земјава, нови 407 заразени

Во изминатите 24 часа, од компликации од ковид-19 во земјава починаа седум лица, а од 2.540 тестирања регистрирани се 407 нови случаи.

Сите седуммина починати се во болнички услови и се на возраст од 59 до 91-годишна возраст, по двајца од Скопје и од Струмица и по еден од Тетово, Штип, и Кочани.

Најмногу од новозаразените 407 лица се од Скопје 187.

Регистрирани се 399 оздравени пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во земјава се регистрирани вкупно 93.160 заболени и 2.873 починати.

Бројот на активни случаи е 7.767, од кои 3.956 се во Скопје.

Институтот за јавно здравје денеска во неделната анализа на состојбата, објави дека последната недела од јануари во земјава е регистриран пораст на заразаени за 18 отсто, додека се намалил бројот на смртни случаи за 7,2 отсто во однос на претходната недела.

Пад бележи и бројот на оздравени од 41,4 отсто помалку споредено со третата недела од јануари.

Претходна вестОрганизаторот на протестите за „Монструм“ повикан во полициска станица
Следна вестМинистерството за правда има рок 40 дена да побара екстрадиција на Игор Спасов