Во среда на 25 септември влезот во Археолошкиот музеј ќе биде бесплатен за сите посетители, објави ова Национална установа.
На Фејсбук страницата на Археолошкиот музеј на РС Македонија е наведено дека како и секоја година заедно со преку 70 држави се вклучуваме во манифестацијата „ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО“. Та се одбележува по иницијативата на Советот на Европа и во 2024 има тематски наслов „ Културни патеки, поврзувања и вмрежувања“.
-Деновите на културното наследство од 23-29 септември кај нас се слават истовремено со другите установи од културата, така и ние подготвивме посета и едукативни работилници за ученици во музејот, како и за лицата со посебни потреби за кои што годинава е организирано на локалитетот Тумба Маџари. Исто по повод оваа манифестација известуваме дека во среда на 25 септември влезот во музејот ќе биде бесплатен за сите посетители, соопшти Музејот.