Темен режим Режим на светлина

Мотоциклист прегази пешак во центарот на Скопје

Мотоциклист вчера удрил во пешак во Скопје по што и двајцата се здобиле со повреди, соопшти полицијата.

– На 23.09.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Скопје, мотоцикл „Хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(30) од село Гиновце, кривопаланечко, удрил во пешакот Џ.Р.(58) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Утре бесплатен влез во Археолошкиот музеј

Следна објава

Наставниците и администрацијата идната година ќе добијат повисоки плати