Утре бесплатен влез во сите музеи и локалитети во Македонија

Македонските музеи и локалитети во вторник, 18 април, ќе ги отворат портите за сите заинтересирани посетители во чест на Меѓународниот ден на културното наследство. Влезот со сите музеи и локалитети овој ден ќе биде бесплатен.

-Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април, напиша на Фејсбук министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982 година. Овој ден секоја година служи за промоција на културното наследство и претставува можност за подигање на свеста за неговиот диверзитет и за потребата за негова конзервација.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Да немаше ништо криминално, Владата ќе го објавеше договорот за коридорите
Следна вестФики Гаспар: Работите со набавката на лекот „Трикафта“ не се движат доволно брзо