Утре и задутре свечени богослужби по повод празникот посветен на Св. Климент Охридски

По повод празникот на големиот Светител Климент Охридски, патронот на нашата Света Црква – Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, во Соборниот храм во Скопје, посветен нему, утревечер со почеток во 17:30 часот ќе се одржи свечена празнична богослужба, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а ќе служи Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, во сослужение со клирици од Скопската епархија и свештенислужители од Бигорскиот манастир.

На денот на самиот празничен ден, 8 декември, во 9.00 часот, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Света Божествена Литургија ќе служи Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архијереите: Митрополитот Тетовско-гостиварски, г. Јосиф и епископот Антаниски, г. Партениј, како и бројни свештенослужители на нашата Света Црква.
-На самото празнување, за радост и благослов на верниот народ, за поклонение ќе бидат изнесени светите мошти на светителот Климент Охридски, наведуваат од МПЦ-ОА.

Воедно, апелираат до верниците да ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, односно задолжително носење на маски и држење социјална дистанца.

Претходна вестБез дозвола, пијан со автомобил на татко му, прегазил до смрт велосипедист и избегал
Следна вестДОМ се приклучува на протестот за запирање на градбата кај Холидеј Ин, жителите бараат да престане притисокот