Утре се замрзнува цената на јајцата и на оризот, за шеќерот и брашното ќе се чека да продолжи намалувањето

Утре ќе се замрзнат цените на јајцата и на оризот, а за шеќерот и брашното ќе се чека да продолжи трендот на намалувањето на цената, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.

-За шеќерот и за брашнато, согласно податоците од Царинската управа за увозот и податоците од производителите, има намалувања на цените и нема да преземеме мерки. Во наредните денови очекуваме цените само да паѓаат. Ако тоа не се направи од трговците ќе следат дополнителни одлуки за цената на брашното. а цената на јајцата најевтини сме во регионот, побарувачката е голема. Зголемување на цените заради зголемена побарувачка заради Велигден и Рамазан Бајрам нема да дозволиме, рече министерот Бектеши.

Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден во март.

Претходна вестКалин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП-листата, рипна две места
Следна вестЃоковиќ не е повеќе на врвот на АТП листата, тронот го презеде Карлос Алкараз