Вандализиран и споменикот на Гоце Делчев, кога еднаш ќе се откријат вандалите?

Вандализиран е и споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк откако вчера се уште непознати сторители со спреј го исчкртаа постаментот и плочникот пред него. Ова не е прво вандализирање на споменикот на македонскиот револуционер. Од МВР изјавија дека се преземаат мерките за откривање на сторителите.

Сквернавењето на овој споменик се надоврзува на кражбата на три бисти на македонски револуционери – Невена Георгиева – Дуња, Никола Вапцаров и Коле Неделковски. И во овие случаеви сторителите се уште не се пронајдени.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ синоќа го исчистија споменикот но прашање е до кога ќе се случи ново вандализирање?

Полицијата досега не успеала да открие ниту еден од строителите на ваков вандалски чин. Тоа, се чини, ги охрабрува сторителите кои не запираат со уништувањето на вакви вредни споменични обележја.

Претходна вестСончево со температури до 23 степени
Следна вестВладата ќе ги разгледа предлозите на опозицијата за надминување на енергетската криза