Вардар посилен за уште еден спонзор

Продолжува поддршката за РК Вардар што клубот ја добива од повеќе компании кои стануваат спонзори во македонскиот спортски бренд. Уште една позната и успешна компанија реши да застане зад Вардар и заедно да се овозможат услови за најтрофејниот македонски машки клуб да остане на стабилни нозе и да продолжи со остварување на високи спортски резултати.

На списокот на нови поддржувачи на клубот се придужи и Пантелеон ГС. Тоа е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени.

Вардар е посакуван клуб за многумина, за напредување, играње и одлично место за промоција. Промените што се направија пред новата сезона полека носат резултати. Тоа го препознаваат и многу компании кои веќе се приклучија на групата на поддржувачи

– Како компанија сме горди што ја имаме таа можност да бидеме дел од спортската историја која ја испишува РК Вардар 1961 и силно веруваме дека клубот ќе успее да се искачи на нови спортски височини и ќе биде повторно фактор во врвниот ракомет. Сорабтката со РК Вардар 1961 за Пантелеон ГС е дел од корпоративната стратегија за поддршка на локалната заедница и опкружувањето во кое што работи, преку креирање на нови вредности и негување на традиционалните вредности и гордости, а со цел нашата земја да стане уште попривлечно место за живеење, вели Влатко Палчевски, директорот на Пантелеон ГС.

Вардар сезонава доби неколку нови спонзори и поддржувачи кои го препознаа спортскиот бренд и решија да бидат дел од нова успешна ракометна приказна. Екипата се подготвува за новата сезона и минатата недела го освои и првиот трофеј победувајќи на турнирот „Струга 2023“. Сега следуваат настапите во квалификациите за Лига Европа и во домашното првенство.

Претходна вестПосебен режим на сообраќај ноќта меѓу недела и понеделник во Скопје
Следна вестДетали за пукањето во Ист Гејт, еве кон кого било пукано