Детали за пукањето во Ист Гејт, еве кон кого било пукано

По пријавата за пукање во трговскиот центар Ист Гејт се огласија од МВР од каде информираат дека случајот кај нив е пријавен околу 15:50 часот.

-Добиена е пријава дека во гаражите на трговски центар во Скопје едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема, информира МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Телма објави дека било пукано кон Раде Трајковски Штекли кој бил во блиндирано возило. Штекли, неофицијално се поврзуваше со убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија.

Претходна вестВардар посилен за уште еден спонзор
Следна вестЕурофарм Пелистер во финалето на турнирот во Охрид