Еурофарм Пелистер во финалето на турнирот во Охрид

Еурофарм Пелистер стигна до втората победа на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ кој се игра во Охрид. „Пелистерци“ триумфираа против Татран Прешов со 29:24.

Македонскиот шампион на полувремето обезбеди водство од 14:12.

Во вториот битолчани постојано одржуваа разлика од два до четири гола, а на крајот победија со 29:24.

Тајник и Пешевски беа најефикасни кај Еурофарм Пелистер со по шест постигнати погодоци.

Во финалето на турнирот Еурофарм Пелистер ќе игра против Олимпијакос.

Претходна вестДетали за пукањето во Ист Гејт, еве кон кого било пукано
Следна вестСловенски државјанин нападнал македонски полицајци