Словенски државјанин нападнал македонски полицајци

МВР информира дека синоќа во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Г.(40) од Република Словенија затоа што во угостителски објект на ул. „Бутелска“ во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените во објектот и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестЕурофарм Пелистер во финалето на турнирот во Охрид
Следна вестТатко и син од Скопје осомничени за илегална трговија со дрога и психотропни супстанции