„Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска: Скопје е и наша судбина, наша Европа. Скопје сме ние!

Деновиве од печат излезе книгата комплетно посветена на Скопје – „Варшава го исцртува Скопје“ од полската авторка Кинга Нетман-Мултановска. Се работи за книга што фрла поглед на голем период од историјата на Скопје, од неговото историско освојување од Османлиите, сè до денешен ден, а главниот акцент е ставен врз огромната помош што полските урбанисти и архитекти несебично му ја даваат на Скопје по земјотресот. Инспиративно, филигрански изработено четиво, од кое многумина скопјани ќе дознаат многу нешта за својот град што досега не ги знаеле.

Книгата е објавена со поддршка од Амбасадата на Република Полска во Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

– Фасцинантна, многуслојна книга. Израз на страста и компетенцијата на авторката, која, пишувајќи за мисијата на варшавските урбанисти во Скопје и за судбината на Македонија, ја открива заборавената солидарност на Полјаците со Македонците, врската на Полска со Балканот. Оваа прекрасна публикација има уште една основна димензија: го прикажува европското наследство преку палимпсестот Скопје – местото каде што се вкрстуваат христијанството, исламот, јудаизмот и атеистичкиот хуманизам. Кинга Нетман-Мултановска раскажува за градот покрај Вардар како за своја мала татковина зашто ѝ подарил нова перспектива за запознавање на себеси и на својата култура. Љубовта кон ова парче земја ме зарази и мене. Скопје е и наша судбина, наша Европа. Скопје сме ние!

Претходна вестГрад Скопје дава субвенции на социјално загрозени лица за замена на азбестните покриви
Следна вестПриведен дилер, кај него пронајдени 19 пакувања дрога