Велешанец осуден на 40 години затвор

Велешкиот основен суд вчера му пресуди затворска казна од 40 години на Славе Илиев (61) за убиство и обид за убиство, што ги сторил пред три месеци во своето родно село Подлес, во општина Градско.

Илиев со пиштол кој го поседувал нелегално го застрелал својот сосед Миле Димов (42), а тешко го ранил и неговиот другар Миле Воденичаров. Кавгата избила поради тоа што Димов копал водоводен канал за кој Илиев, со кого одамна имал нерасчистени односи, сметал дека помунува низ негово место.

Казните кои се запретени за ова кривично дело се за убиство при што е доведено во опасност живот на уште едно лице се од 10 години до доживотен затвор, а за кривичното дело нелегално поседување на оружје од 3 до 10 години затвор.

Бранителот на Илиев најави тужба на пресудата која ја смета за престрога.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање
Следна вестПо тешки сообраќајки битолската полиција почна со 24 часовна контрола на патот кон Меџитлија