ВМРО-ДПМНЕ: Со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање

Дали Артан Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш дел од кривични постапки кој се наоѓа во притвор!?, прашува во своето денешно соопштение  ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа опозициска партија велат дека со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање.

-По одлуката на Груби, Лотарија каде директор е шефот на кабинет на Груби распишува оглас во кој се пресликува фирмата 8888.бг на Васил Бошков Черепот, бугарски мафијаш, за кого и Блумберг пишува дека е криминалец, кој се поврзува со многу тешки кривични дела. Истиот веќе подолг период е во притвор во Бугарија и против него се водат сериозни постапки, велат оттаму.

Прашуваат „дали Груби ја понижува државата и истата преку Лотарија треба да влезе во бизнис со криминалец во притвор“?

Претходна вестСо  „Doctor Sauer ZOO Fest“  ЗОО-Скопје одбележува 97 години од постоењето
Следна вестВелешанец осуден на 40 години затвор