Вирусот на Конго-кримската хеморагична треска откриен кај крлежите во скопско

Вирусот на Конго-кримската хеморагична треска откриен кај крлежите во скопско во вонредната акција што ја спроведе Комисијата за заразни болести. На подрачјето на штипскиот и од велешкиот регион не е детектирано присуството на овој опасен вирус.

Порталот “Плусинфо“ ја пренесува изјавата објави дека претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски кој рече дека спека нема место за паника.

-Првично заловените крлежи од штипскиот и од велешкиот регион се тестирани и кај нив не е откриен вирус на Конго-кримска хеморагична треска. Вирус е откриен кај крлежи од скопскиот регион. Овие резултати треба да се сумираат до крајот на неделава, по што ќе се планираат и соодветни мерки, ни изјави Петличковски.

Д-р Петличковски потврди дека е можно подоцнежно појавување на симптоми на Конго-кримска хеморагична треска, но најчесто тие се јавуваат 5-7 дена по каснувањето.

– Касно започнување на симптоми е можно, но типично симптомите се јавуваат 5-7 дена од каснувањето на крлежот. За да се олесни работата на инфектолозите при одредувањето на дијагнозата, добро е пациентите да потсетат кога и дали некогаш биле каснати од крлеж, вели Петличковски.

Во средината на август беше регистриран првиот случај со Конго-кримска хеморагична треска во земјава. 27-годишната жена од штипското село Кучица се лекуваше на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, но по неколку дена почина. Во процесот на лекување, од неа се зарази болничарка на Клиниката, чија состојба беше стабилна. Во Институтот за јавно здравје потоа информираа за трет случај, рибар од Велес кој исто така беше каснат од крлеж.

– Моите информации се дека лекуваните пациенти се добро и не се веќе во болница, рече Петличковски за „Плусинфо“.

Претходна вестПендаровски: Никогаш нема да го амнестирам Груевски, Мијалков не беше главниот за обезбедување на осумте пратеници за Преспански договор
Следна вестШефот на ОН Гутереш: Светот ги изневери земјите во развој