Владата не гледа зошто да се одложат подготовките за избори на 5 јули, Чулев единствен гласал против

Бројот на новозаразени од вирусот во Македонија расте, но на дел од политичарите главна тема се почесто им е – избори. Демек, потоа полесно ќе се справеле со корона кризата.

Во тој правец Владата синоќа донела уредба Државната изборна комисија да почне да се подготвува за парламентарните избори, аспоред тоа од следната недела би требало да почнат да течат изборните рокови.

о денот на влегувањето во сила на оваа уредба, Државната изборна комисија и Државниот завод за статистика се должни да ги продолжат дејствијата за ажурирање на избирачкиот список прекинати на 21 март 2020 година, согласно оваа уредба и согласно Изборниот законик. Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, ДИК е должна да ги превземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик, се вели во соопштението од седницата.

Министерството за здравство е задолжено, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од ДИК, да обезбеди заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место.

На седницата на Владата единствен кој гласал против оваа уредба бил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Ваквиот потег на Владата, очигледно, се смета како најава дека таа нема да бара продолжување на тековната вонредна состојба, а што во соопштението не се споменува. Синоќешната уредба ќе стапи во сила откако ќе престане да важи вонредната состојба чиј рок истекува во сабота на 14 јуни. Но, одлуката за престанок или за продолжување на вонредната состојба треба да ја донесе шефот на државата по консултациите со Советот за безбедност. Седницата на оваа тело се уште не е закажана, но извесно е дека таа ќе треба да се одржи пред да истече вонредната состојба. Сега останува да се види какво ќе биде мислењето на Советот за безбедност и одлуката на шефот на државата откако Владата побрза да соопшти дека изборните дејствија треба да започнат.

Одлуката на Владата се носи во ситуација кога во Македонија се случува нов драстичен пораст на заболените од корона вирусот. Тоа ја отвора дилемата дали изборните дејствија може да претставуваат нова опасност за ширењето на опасниот корона вирусот. Доколку шефот на државата донесе одлука да престане вонредната состојба, тоа ќе значи дека изборите би можеле да се одржат на 5 јули. Околу овој термин се водат консултациите меѓу владеачките партии и опозицијата која право сака справување со епидемијата а потоа гласање при што се можни и други сценарија. 

Претходна вестПроменливо облачно, попладне нестабилно со можен пороен дожд
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Во ден кога Македонија бележи 125 новозаболени и 7 починати Заев зборува за избори