Владата на утрешната седница ќе решава дали да се изврши ново скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот. Ова е предлог од Комисијата за заразни болести кој е утврден по денешната седница со цел да се спречи ширењето на корона вирусот во земјава. Информацијата за медиумите ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче, а според неофицијалните информации постои расположение мерката да се прифати.
Неодамна, работното време на угостителските објекти се ограничи до 23 часот.