Владимир Јанковски е писателот кој вечерва ќе биде награден со лауреатот „Роман на годината“ што го доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Оваа година одлучуваше петчлена жири-комисија составена од Оливера Николова (претседател), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева. Токму тие пресекоа дека овогодинешнхиот лауреат е романот „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски.
Во конкуренција беа 40 романи, а наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.