ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден Хирургија не функционира

Петнаесетти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија наведуваат дека 15 дена ниту министерот за здравство Илир Демири, ниту власта во заминување на СДС и ДУИ не преземаа ниту еден чекор за решавање на проблемот на Хирургија.

-СДС и ДУИ се 7 години на власт и не преземаа ништо за да се санира Хирургија во целост. Наместо инвестирање во Хирургија СДС и ДУИ 7 години бркаа матни тендери во здравството, провизии од вакцини, трговија со терапија за рак, а пациенти добиваа физиолошки раствор. Седум години здравството пропаѓа. Состојбата на Хирургија е последица на негрижата и криминаллт на СДС и ДУИ. Одговорност мора да има, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПо осум дена кумановци добија безбедна вода за пиење
Следна вестЦУК: Горела ниска вегетација кај Ново Село