Темен режим Режим на светлина

ЦУК: Горела ниска вегетација кај Ново Село

Во изминатотот деноноќие пожарникарите интервенирале во скопскиот регион на запален ниска вегетација кај Ново Село во Општина Ѓорче Петров, информираат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Кочани известиле дека во градската депонија на Кочани неколку дена во внатрешноста дими, но нема опасност од потпалување и ширење. Кочанските пожарникари посочиле и дека внатрешното димење, горење, со вода не се гаснело, па треба да преземаат други мерки, затрупување со песок, земја и слично, за што се известени надлежните во општината.

ЦУК информира дека имало вкупно 1760 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,30 отсто, а 36,70 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Фото: Архива

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: 15-ти ден Хирургија не функционира

Следна објава

Трета меѓународна конференција – „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“