ВМРО-ДПМНЕ: Афера „Паразити“, Кире Наумов со плата од 2.500 евра, Славко Пројковски со над 6.000 евра…

Нови примери на функционери кои земаат високи плати објави денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ во рамките на аферата „Паразити“. Ивица Томовски, член на партискиот Централен комитет на прес-конференцијата наведе пример со кој Кире Наумов од СДСМ, директор на Македонска банка за обнова и развој, денес месечно зема над 2.500 евра плата.

-За една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец, наведе Томовски.

Тој го наведе и примерот на директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра.

-Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра, потенцира Томовски.

Според него, овие тројца функционери за еден мандат земаат речиси 1 милион евра.

-И не е единствен проблем немаштијата во која живеат поголемиот број на граѓани, туку и тоа што овие функционери со ништо не ги оправдале парите кои ги земаат. Народот, не гледа бенефит од нивната работа, рече тој.

Претходна вестПриведени двајца крадци
Следна вестЧетири лица искасани од кучиња скитници