ВМРО ДПМНЕ: Дали наместо јаглен во РЕК Битола се согорува мешавина од јаглен и земја?

Власта на СДС и ДУИ  мора да одговори дали наместо јаглен, во РЕК-Битола се согорува мешавина од земја и јаглен, апелира опозициската ВМРО ДПМНЕ со соопштение од изурината.

-Ова е екоцид за кој некој мора да одговара. Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско? Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК?, прашува ВМРО ДПМНЕ.

Од таму забележуваат и дека се замолчени активистите кои до пред некое време беа гласни против загадувањето во било која смисла.

Претходна вестСе срамат ли? Реконструкцијата на автопатот Катланово – Петровец трае со години
Следна вестКовачевски и Османи ќе ги посетат ли Македонците во Бугарија и Грција?