Најголемета опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ денеска со протести и блокади во Скопје и во 15 други градови ќе продолжи да бара оставка на премиерот Зоран Заев по скандалозното интервју за бугарски медиум. Како што е најавено, во Скопје блокадите ќе бидат направени на крстосниците кај објектите на Владата и на Министертсвото за надворешни работи во периодот од 15 до 16.30 часот.
Во 18 часот ќе се одржат протести и во 15 градови ширум државата: Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.
-Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ. Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, изјавуваат од оваа партија.