Власта во Град Скопје, СДС, Левицата и ДУИ, гласаа речиси 2 милиона евра за покривање на криминалот на Данела Арсовска во ЈСП, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
-Точно се виде дека постои јавна коалиција помеѓу СДС, Левицата и ДУИ, со чии гласови ЈСП доби нови 2 милиона евра, без образложение за што ќе се трошат тие пари. Политичкото дно Данела Арсовска покажа дека Град Скопје го води кон банкрот, со јавната поддршка на ДУИ, СДС и Левицата. Овие пари ќе се трошат на нови вработувања, тендери и набавка на резервни делови од омилените компании на Данела Арсовска. Тајната коалиција стана јавна, а Арсовска покажа дека е личност чии раце се натопени во криминал, се потенцира во партискиот став.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека јавноста мора да знае дека неспособноста и неработата имаат име и презиме, а „тоа се врзува со Данела Арсовска и јавната коалиција СДС, Левицата и ДУИ“.