ВМРО-ДПМНЕ: И НАТО бил загрижен за безбедноста на македонското небо, тоа е епилогот кога СДС и ДУИ се власт

Со случајот М-НАВ според ВМРО-ДПМНЕ, е предизвикан меѓународен инцидент. И ова според нив е уште еден доказ дека СДСМ и власта се заложници на ДУИ.

– И НАТО претставници биле загрижени за безбедноста на македонското небо, тоа е епилогот кога квази европските СДС и ДУИ се власт.

Вчера Стево Пендаровски јавно призна дека НАТО претставници биле загрижени и прашувале дали е безбедно македонското небо, и дека во времето на упадот во М-НАВ од страна на бандитите водени од функционер од ДУИ имало два НАТО авиони кои слетувале.

Власта преку Стево Пендаровски отворено призна дека ја посрамотиле државата, и наместо оставки веднаш и разрешувања, се чекаше скоро цела недела директорите да бидат разрешени, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова според нив е уште еден доказ дека СДСМ е заложник на ДУИ.

– Очигледно е дека СДС во владата е заложник на ДУИ, и за да останат на власт не смеат да преземат ништо без дозвола, па затоа вчера уште еднаш ја посрамотија државата кога предложија еден директор од ДУИ кој не ги исполнува условите, за кога се крена јавноста да одржат уште една седница и да предложат втор директор од ДУИ. Имено по шамарите и исполнетиот бенчмарк во М-НАВ, владата на СДС и ДУИ имаше цели пет дена да смисли предлог за нов директор за кој медиумите за 15 минути им кажаа дека не исполнува основни услови за таа функција.

И додека ДУИ става директори по желба и тепачот кој влета во М-НАВ ќе продолжи да оди на работа, каде се сите вработени кои беа предмет на тортура, 4 од тепачите се недостапни за полицијата, а другите се дома, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ ја срами државата каде стигне, а СДС се нивни заложници за власт, кои мора да ги слушаат и спроведуваат, никогаш не било полошо и поради тоа треба да бидат поразени на избори.

Претходна вестУтре без струја ќе останат делови од Сарај, Кисела Вода, Гази Баба и Зелениково
Следна вестСилната Германија пред колапс: Штрајкот на земјоделците се шири и кај железничарите, шпедитерите, туристичките работници…