Силната Германија пред колапс: Штрајкот на земјоделците се шири и кај железничарите, шпедитерите, туристичките работници…

Лидерската држава во ЕУ пред големи проблеми. Германските машиновозачи денеска почнуваат тридневен штрајк, барајќи намалување на работното време од 38 на 35 часа неделно за работниците во смени, како и зголемување на платите за 555 евра месечно.

Сето тоа само ќе го доблокира веќе блокираниот сообраќај низ најсилната економија во Европа. Веќе два дена на улиците низ Германија има хаос поради илјадниците трактори кои ги блокираат премините. Земјоделците протестираат поради најавеното намалување на субвенциите.

Овие два штрајка веќе сериозно влијаат на патувањата на милиони луѓе низ државата. Многу бизниси трпат последици.

Од друга страна, игнорирајќи ги протестите на земјоделците кои предизвикаа сообраќаен колапс со нивните трактори низ земјата, владата на германскиот канцелар Олаф Шолц ги парафира мерките за штедење, кои вклучуваат намалување на субвенциите за дизелот за земјоделците. Ова беше „искрата“ која предизвика радикализација на протестите.

Револтираните Германци, кои повеќе не се подготвени да толерираат прелевање пари од федералната каса за многу други работи кои населението ги смета за помалку важни ги парализираа главните автопати и го спречија нормалното функционирање на животот во речиси сите провинции. Многу граѓани бараат да се намалат финансиските средства дури и за Киев.

Штрајкот на земјоделците се шири и кај шпедитерите и туристичките работници.

Шолцовата „семафор коалиција“, чиј рејтинг континуирано паѓа, и покрај сето ова, донесе измени кои вклучуваат повисоки даноци за авиосообраќај и построги санкции во областа на социјалната помош за невработените. Во меѓувреме, и покрај масовните демонстрации на земјоделците, Шолц нема намера да отстапи и неговите постапки велат дека не се плаши од генерален штрајк.

Германските власти, а и дел од медиумите ги претставуваат незадоволните земјоделци како „поддржувачи на екстремната десница“.

 Министерот за економија, Роберт Хабек, предупредија дека некои учесници на протестот негуваат „фантазии за државен удар“.

Претседателот на Сојузот на германските фармери, Јоаким Руквид, ги отфрли ваквите обвинувања, критикувајќи ја владата дека „ја загрозува одржливоста на земјоделството и ја доведува во прашање достапноста на висококвалитетна домашна храна“.

Аналитичарите велат дека во Германија вакви големи проблеми немало уште од време на Втората Светска Војна.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: И НАТО бил загрижен за безбедноста на македонското небо, тоа е епилогот кога СДС и ДУИ се власт
Следна вестНаучна студија: Во литар вода од пластично шише може да има и до 240.000 честички микропластика