ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на власт не знае да спроведе мерки

Mафијашите на власт ниту знаат ниту умеат да спроведат мерки кои ваквата состојба ќе ја подобрат или спречат, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во пaртриското соопштение се наведува дека Македонија стана црна дупка во Европа во однос на справувањето со коронавирусот.

-Според Би-Би-Си Македонија е црн рекордер по смртност. И последното деноноќие државата бележи црн биланс, односно над 15% од тестираните се заразени, а четворица се починати. Од почетокот на епидемијата заразени се 18.873 лица, а починале 760. За политички цели промовираа нова нормалност и декларираа дека го победиле вирусот, за сега кога ситуацијата ескалираше да бараат вина во народот и во секој друг, само не во самите себе. Сето тоа е резултат на неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт. Мафијата на власт се грижи само за личното богатење, се наведува во соопштението.

Инаку, оваа партија најави нови протести на граѓаните против поскапувањето на струјата. 

Претходна вестПовремен дожд со умерен ветер
Следна вестКој ќе биде поупорен, здивените возачи или полицијата?