Маричиќ, Османи и Груби да не ги злоупотребуваат службените возила како досега, секоја злоупотреба ќе биде истражена по 8 мај велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Функционерите од СДС и ДУИ кои изминатиов период ги злоупотребуваа службените возила за партиски потреби и поминуваа неказнето, да знаат дека ако продолжат истото да го прават и во периодот до избори за тоа ќе има одговорност. Злоупотреба на службени возила не смее да има ниту од функционерите на власта во подолните ешалони.
-Службените возила не се сопственост на функционерите, туку на државата, платени со парите на народот преку даноци. Доколку било кој функционер злоупотреби службено возило тоа ќе биде предмет на истрага и санкција по 8 мај. Време е да се одвои државата од партијата, со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, пишуваат од партијата.