ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината и не може да донесе никаква суштинска промена. Која е алтернативната визија на ДПМНЕ за Македонија, како ќе ја реализираат, не кажуваат, бидејќи немаат план за иднината. Единствена цел и визија им е да дојдат на власт, а како ДПМНЕ ја практицира власта, се виде изминатите 2,5 години со хаосот во Скопје и нереализираните ветувања на градоначалниците од оваа партија ширум државата, се вели во писмената реакција на СДСМ.
-СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска. Борбата за европска македонска иднина продолжува, нема откажување. СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина. Граѓаните одлучуваат дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата.
-Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен. Не заборава како владееше ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, менторот на Христијан Мицкоски. Граѓаните знаат дека СДСМ е синоним за напредок и просперитет, а ДПМНЕ е синоним за безнадежност и стоење во место – велат од партијата.