ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае бројките ако иселените се попишат, наместо да се евидентираат

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признаат бројките од попишаното нерезидентно население, бидејќи нивното регистрирање го смета за евиденција, а не за попис.

Лидерот Христијан Мицкоски денеска објасни дека според Законот за попис, точно се знае кои лица кои во моментот на спроведување на операцијата попис не се наоѓаат во Македонија можат да се попишат. Тоа се оние со времен престој, а времен престој значи дека тие не го откажале живеалиштето.

Според тоа, тој смета дека сите лица кои имаат повеќе од 12 месеци одјавено живеалиште во Македонија не може да влезат во вкупната бројка на резидентно население.

-И не постои сила која мене ќе ме натера да одам спротивно од стандардите на Евростат, вели Мицкоски.

Според него само овие лица кои не го одјавиле живеалиштето, а се до една година надвор од земјава, можат да ја користат онлајн апликацијата, додека останатите ќе се попишуваат во државата каде што се наоѓаат.

Претходна вестВо Карпош 1 и 2 наскоро зонско паркирање, ќе чини 30 денари
Следна вест41-годишник силувал две деца и снимал со мобилен телефон