Во Карпош 1 и 2 наскоро зонско паркирање, ќе чини 30 денари

Општина Карпош ја почнува постапката за воведување на законско паркирање во населбите Карпош 1 и 2 откако тоа лани преку анкета го побараа граѓаните кои живеат во овие подрачја на Скопје. Од страна на општинските власти наскоро ќе биде испратено писмено барање до ЈП „Градски паркинг“ за да се изработи техничка документација со која паркиралиштата во овие наслеби би станале Зона Д.

Ова значи дека паркирањето ќе биде бесплатно за станарите за прво, второ и трето возило, додека за останатите корисници според регуларен ценовник, паркирањето ќе чини 30 денари.

Со зонското паркирање ќе бидат опфатени улиците и паркиралиштата во близина на улицата „Франклин Рузвелт“ која е граница со општина Центар. На потегот помеѓу улиците: „Гиго Михајловски“, „Иван Аговски“, „Даскал Камче“, „Руѓер Бошковиќ“ и „Никола Тесла“ ќе има 432 места за паркирање. Во Карпош 2, предвидено е да се оспособи потегот од булевар „Осми Септември“, улиците: „Бранислав Нушиќ“ и „Веселин Маслеша“, со што би се ставиле во употреба уште 352 паркинг места. Се разгледувала можноста и за воведување на зонско паркирање кај Млечен ресторан.

Претходна вестПочина премрзнатиот овчар за кој институциите не најдоа превоз, ќе има ли одговорност?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае бројките ако иселените се попишат, наместо да се евидентираат