ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ се во коалицијата на Арсовска со која Скопје се носи во пропаст

На површина излезе полутајната коалиција која од вчера станува јавна помеѓу СДСМ, Левица и ДУИ во градот Скопје, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија укажа дека на вчерашната седница на Советот на Скопје сите амандмани на СДСМ во рамките на буџетската расправа или во согласност со градоначалничката Данела Арсовска беа прифатени, или беа повлечени од СДСМ.

-Евидентна е усогласеноста и партнерството помеѓу СДС, Левица и ДУИ, додека ниту еден амандман не беше прифатен од страна на градот Скопје и новата коалиција кој беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија. Арсовска не прифати проекти кои самата ги вети од програмата „За модерно Скопје”. Односно Арсовска против Арсовска, на штета на скопјани, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека се отфрлија инвестициите во капитални инфраструктурни проекти, градба на улици, булевари, инвестиции во спортот, градба на нови паркови.

-Арсовска не намали од програмата за промоција и гол пи-ар на градоначалничката. ВМРО ДПМНЕ покажа дека не го кочи градот со тоа што го гласаше буџетот, но Арсовска покажа дека има јавна коалиција со Левица, СДС и ДУИ. СДС е манипулатор како и Арсовска, и покрај договорот што го направи СДС со неа и прифаќање на амандманите на СДС и повлекување на останатите, сепак тие тактизираа со гласањето ставајќи ги во ризик граѓаните и институциите на градот во подредена улога и во заложништво на нивната дневно политичка манипулација. ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што нема увид во буџетот, не сака да има нефункционален град од кој најголема штета ќе имаат граѓаните. Со самото тоа паѓаат во вода обвинувањата дека сме блокатори, наведуваат од оваа партија.

Претходна вестСДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Данела и Левица функционира, кавгите им се само за тендери
Следна вестЕдинаесет возачи возеле и зборувале на телефон, десетмина немале дозвола…