СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Данела и Левица функционира, кавгите им се само за тендери

Вчера Советот на Град Скопје го усвои Буџетот на Градот за 2023 година, предложен од градоначалничката Данела Арсовска. За усвојување на Буџетот гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица со што докажаа дека нивната коалиција со Арсовска и натаму функционира. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се едно, нивните кавги се само заради тендери, соопштија од владејачката СДСМ.

Оттаму посочуваат дека „ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје има своја градоначалничка има претседател на Совет и мнозинство во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство на членови во управните одбори во јавните претпријатија и со тоа ја има целата одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје.

-По вчерашното усвојување на Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди коалицијата со Арсовска и докажа дека секој нивни обид да се оттргнат од Арсовска е само уште една лага на партијата предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, се вели во партиското соопштение.

 

Претходна вестСкопје доби буџет за следна година од 114 милиони евра, има пари и за новиот Луна парк
Следна вестВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ се во коалицијата на Арсовска со која Скопје се носи во пропаст