ВМРО-ДПМНЕ од утре „Заедно со народот“- стотици тимови ќе ги посетуваат членството и граѓаните кои се против власта

ВМРО-ДПМНЕ од утре започнува со акцијата „Заедно со народот“, со која стотици тимови на партијата низ целата земја, ќе ја отпочнат една од најголемите кампањи и теренски посети некогаш направени во Македонија, изјави генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски.

Тој објасни дека партиските тимови во прва фаза ќе остварат состаноци со сите ажурирани членови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со голем број на граѓани кои се опозициски расположени и кои сметаат дека државата се движи во погрешен правец.

– Власта ја уништува државата за свои лични потреби, тие крадат, а народот пати. Основните услуги на државата често се под знак прашалник, основните потреби на граѓаните често не се подмирени. Додека власта се богати, народот е се посиромашен. За да се промени болната реалност, и да почнеме да чекориме напред, потребни се промени, а за промените, неопходни се граѓаните. Ќе разговараме со народот, ќе ги слушнеме нивните проблеми, нивните потреби, изјави Сајкоски.

Тој посочи дека ќе се повикаат сите граѓани да им приклучат и заедно во идниот период да се делува се до финалниот пад на оваа ненародна власт.

– Секој еден поединец е важен, и секој еден поединец е додадена вредност во битката за пад на оваа ненародна власт. Изворно ќе ги собереме предлозите на граѓаните и ќе ги преточиме во политики и акции за идно делување. Да се заложиме сите заедно за развој на Македонија, изјави Сајкоски.

Претходна вестРусите пукале со „Кинжал“, се светеле за терористичкиот напад врз Брјанск
Следна вестНаучниците создадоа инјекција која за кратко време лекува пијанство