ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски покажа дека е уценет човек

Стево Пендаровски покажа дека е уценет човек без грам сопствен кредибилитет и интегритет. Со потписот на 5-те закони покажа дека ставот и зборот не му вредат ни 5 пари и не му траат ни 5 дена, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголема опозициска партија наведува дека Пендаровски, како и Ковачевски,  храброста ја има оставено во некоја фиока во Мала Речица.

-Пред јавноста едно говореше поврзано со скандалозните измени на петте закони, а сосема друго направи. Поточно Пендаровски по којзнае кој пат го демантираше Стево. Ова воопшто не не изненадува и зачудува, а веруваме дека и јавноста се навикна на неговото пишманење и погазување на својот збор.Веќе на сите им станува јасно дека подизведувачот СДС, на чело со Ковачевски и Пендаровски се спремни за функција да направат се, па и јавно да се понижат. Ден повеќе на функција е нивното мото, со цел некој тендер повеќе да наместат, се потенцира во партискиот став.

Се додава дека со измените на 5-те закони тие нема ниту да заштедат, ниту да ја забрзаат реализацијата на коридорите, туку само го дерогираат македонското право и македонскиот Устав.

-За ваквата неодговорна и криминогена политика следува казна на избори, а потоа и одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Претходна вестИзменет сообраќаен режим во дел од Скопје поради вежба на МВР и Американската амбасада
Следна вестСДСМ: Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ да одговори каде се парите?