ВМРО-ДПМНЕ: Почнаа промените во општините, градиме нова иднина

Почнаа промените во општините, градиме нова иднина.
Градоначалникот на Илинден веќе реализира проект – ново училиште, кое ќе овозможи целодневна настава и ќе има и сензорна соба за деца со посебни потреби.
Во општините Кисела Вода и Гази Баба, градоначалниците Ѓорѓиевски и Стефковски веќе почнаа со инфраструктурни проекти – нови канализациони системи на места каде што претходно не постоеле.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ низ цела Македонија работат и отпочнаа со голем број на проекти.
Хигиената се подига на повисоко ниво, се работи посветено и одговорно.
Општините каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници веќе ги чувствуваат промените. Проектите се веќе реалност. Во голем број на општини низ државата градиме нова иднина.
Во наредниот период ќе има нови проекти и многу работи низ сите општини каде ВМРО-ДПМНЕ ја има локалната власт.

Претходна вестДа се направат хидроцентралите Чебрен и Галиште, а не само да се спомeнуваат пред избори
Следна вестНа Скопје му фали ред и поголема организираност, му фали подобар јавен превоз…