ВМРО-ДПМНЕ се откажа од блокадите, протестите од утре продолжуваат пред МНР

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ од утре нема да блокира сообраќајници по градовите а протестите ќе продолжат пред зградата на МНР во Скопје.

а седницата на Извршниот комитет кој се одржа вчера во Битола, донесена е одлука за продолжување на протестите за спречување на националниот срам кој и се подготвува на Македонија од страна на Зоран Заев и неговите соработници. Протестите продолжуваат утре од 17:00 часот пред МНР во Скопје, информира денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој соопшти дека протестите продолжуваат затоа што Зоран Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се’ се подготвени да прифатат од бугарската декларација.

Заев е таткото на спорот со Бугарија. Иако ја убедуваше македонската јавност дека со потпишувањето на спорниот договор повеќе немаме отворени прашања со соседите, очигледно е дека се отворија нови и досега неоспорувани теми. Република Македонија е блокирана. Го повикуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев. Доколку во истиот не се задира во македонскиот јазик, идентитет и историја, тогаш зошто Заев и Османи го кријат овој документ?, рече Андоновски.

Тој и се заблагодари на македонската јавност на трпеливоста во метежите на улиците.

о треба сите да разбереме дека ова е наша национална борба, борба за спречување на разградувањето на македонската нација, потенцира Андоновски.

Претходна вестЗаев за три години ќе се повлече од политиката и ќе се врати во семејната компанија
Следна вестДадоа се од себе но не беше доволно: Македонија – Австрија 1:3