Заев за три години ќе се повлече од политиката и ќе се врати во семејната компанија

Повлекување од политиката за три години најави македонскиот премиер Зоран Заев. Во интервјуто за српскиот весник „Курир“ тој рече дека тогаш ќе се врати да работи во семејната компанија. Според него, еден премиер на функција треба да остане најмногу до два мандати, бидејќи постои ризик да стане автократ.

-Секаде е тоа ризик, но особено на Балканот. Здраво е секогаш да доаѓаат нови луѓе. Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека тогаш и ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашата компанија, повторно да работам комерцијално. Најмногу се каам веројатно што во политиката влегов така, на прва. Кај нас старите луѓе велат: „Бегај подалеку од политика и мотика“. А јас со мотика дојдов во политика. Катастрофа. Но во таа доба беше семејна обврска да се влезе во политика. И тогаш заглавив во неа. Политиката е како порок – тешко е да влезеш и да излезеш. Но, секако, голема чест е да се биде премиер на својата земја, рече Заев.

Претходна вест(Видео) Пандев го постигна првиот гол за Македонија на ЕП
Следна вестВМРО-ДПМНЕ се откажа од блокадите, протестите од утре продолжуваат пред МНР