„Корона чао“ во 8 града – во 24 часа има 4 нови заразени и еден починат

Според денешниот извештај од Министерството за здравство, во осум града: Дојран, Кавадарци, Пехчево, Демир Капија, Богданци, Пробиштип, Берово и Ресен нема активни случаи.

Во последните 24 часа, како последица од ковид почина едно лице, а од направени 1337 тестирања, регистрирани се 4 нови заразени од кои три од Скопје и еден од Прилеп.

Починатото лице е од Скопје (66г).

Регистрирани се 14 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426, од кои 183 во Скопје.

Претходна вестКаде прва, таму и втора: Каде ќе се ревакцинираат Македониците во Србија?
Следна вестДури 9 илјади странски туристи дошле во април – главно во Скопје