Арнаутовиќ се извини за навредите кон Алиоски, ФФМ од УЕФА бара дисциплинска

Марко Арнаутовиќ, репрезентативецот на Австрија кој по вчерашниот инцидент кога со погрдни зборови се обрати до нашиот фудбале Езгијан Алиоски, на натпреварот од ЕУРО2020, денеска се извини.

Австриецот, со српски корени, постигна гол во 89.минута и го постави конечниот резултат 3:1, по што започна да го навредува Алиоски, додека неговите соиграчи се обидуваа да го смират. Арнаутовиќ денеска се извини прво на социјалните мрежи, на македонски и на албански јазик, а потоа и на прес-конференција.

 

-Имаше вербална расправија од двете страни, рекол Арнаутовиќ на денешната прес конференција, на која не било планирано тој да им се обрати на новинарите.

Тој решил да дојде на пресот за да објасни дека она што се случило немало врска со политиката или расизмот.

-Имам пријатели насекаде низ светот, рекол Арнаутовиќ.

Сепак признал дека прославата на голот не била примерна.

-Се радував и секако дека паднаа некои зборови кои ме заболеа. Тоа беше емоционална расправија. Можам да им кажам дека ми е жал на сите оние кои почувствуваа дека се навредени. Сакам да го заборавиме тоа што се счучи, на такви работи не им е местото во фудбалот, рекол австрискиот репрезентативец.

Фудбалската федерација на Македонија побара УЕФА да отвори дисциплинска постапка за австрискиот репрезентативец. Останува да се види дали сега УЕФА ќе го стори тоа, имајќи предвид дека Арнаутовиќ веднаш се најде на мета на социјалните мрежи, особено то говорот на омраза не смее да биде дел од спортот, каде актерите се пример за сите генерации, а особено за најмладите.

 

Претходна вестЗаев со Радев договори посета на Софија, но што им кажа денеска Макрон?
Следна вестНајави за патеки за пешаци и велосипеди во Скопје: Ќе копате сега или месецот пред избори?