„Објавена војна“ на уште една дива депонија – кај Рашче треба да се расчистат над 2.000 кубици отпад

Градот Скопје од денеска започна со расчистување на големата дива депонија на влезот во село Рашче, каде има над 2.000 кубни метри отпад.

Акцијата за расчистување на оваа дива депонија Градот Скопје ја спроведува во соработка со Општина Сарај, јавните градски претпријатија и со механизација од локалната бизнис заедница.

Градските власти изминатиов период расчистуваа повеќе диви депонии кои со децении беа игнорирани.

Такви беа депонијата во Кисела Вода, во Мичурин, во Визбегово и во дел од Вардариште кои треба да се трансформираат во паркови.

Но, освен расчистувањето, предизвикот сега ќе биде како да се спречи нивно повторно создавање, палење и со тоа, загадување на воздухот.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и на Сарај, Блерим Беџети денеска најавија дека ќе имаат засилен инспекциски надзор. Останува да видиме дали тоа и ќе го направат.

Претходна вестДури 9 илјади странски туристи дошле во април – главно во Скопје
Следна вестЗаев со Радев договори посета на Софија, но што им кажа денеска Макрон?