Темен режим Режим на светлина

Дури 9 илјади странски туристи дошле во април – главно во Скопје

Над 9.000 странски туристи ја посетиле земјава во април годинава,а според податоците од Државниот завод за статистика најголем дел биле од Турција и Србија, кои главно доаѓале во Скопје.

Вкупниот број на туристи пак, во април бил 19.064, од кои 52,3 отсто се домашни, а 47,7 отсто се странски туристи. Кај домашните туристи има зголемување за 23,3 отсто, а кај странските има намалување за 44,3 отсто.

Во периодот јануари-април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 12,8 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за  12,4 отсто, а кај странските има намалување за 32 отсто.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Корона чао“ во 8 града - во 24 часа има 4 нови заразени и еден починат

Следна објава

„Објавена војна“ на уште една дива депонија - кај Рашче треба да се расчистат над 2.000 кубици отпад