Дали Артан Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш дел од кривични постапки кој се наоѓа во притвор!?, прашува во своето денешно соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа опозициска партија велат дека со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање.
-По одлуката на Груби, Лотарија каде директор е шефот на кабинет на Груби распишува оглас во кој се пресликува фирмата 8888.бг на Васил Бошков Черепот, бугарски мафијаш, за кого и Блумберг пишува дека е криминалец, кој се поврзува со многу тешки кривични дела. Истиот веќе подолг период е во притвор во Бугарија и против него се водат сериозни постапки, велат оттаму.
Прашуваат „дали Груби ја понижува државата и истата преку Лотарија треба да влезе во бизнис со криминалец во притвор“?