ВМРО-ДПМНЕ: Стразбур донесе само одлука дека апликациите се преуранети, правдата ќе излезе на виделина

Владата наместо да слави за одлуката во Стразбур, треба да се загрижи, суштината и правдата ќе излезат на виделина, судот само констатира дека апликациите се преуранети, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија смета дека Судот за човекови права не навлегол во суштината на жалбите.

-Европскиот суд за човекови права донесе одлука во која вели дека поднесените апликации од апликантите се преуранети и не навлегува во суштината на апликациите. Во одлуката се вели дека не се исцрпени сите правни механизми во Македонија. Владата наместо да слави за дефокус треба оваа одлука да ја загрижи, бидејќи суштината и правдата еден ден ќе излезат на виделина. Исто како што во јавноста излегува на виделина високата инфлација, криминалните тендери, корупцијата, предавствата, неспособноста како што е последниот случај со повлекувањето на евро обврзницата, со што СДС и ДУИ ја посрамотија државата и го нарушија нејзиниот углед, се потенцира во соопштението.

 

Претходна вестЛевица: Погрешните владини политики доведоа до највисока инфлација во регионот
Следна вестСДСМ: Одлуката на Судот во Стразбур е победа на правдата и правната држава