ВМРО-ДПМНЕ: Тоа од кое што други би се срамеле, Ковачевски го прикажува како енергетски успех

Дуото Васко и Димитар Ковачевски се причината за енергетската катастрофа во Македонија. И двајцата се одговорни за тонењето на енергетскиот сектор, криминалиите, корупцијата и неспособноста, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Васко Ковачевски требаше уште одамна да си поднесе оставка, наместо без срам да дава изјави, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е директорот во чие време ЕЛЕМ/ЕСМ стана загубар. Заради неговата неспособност компанијата добива милионски износи народни пари за да се покрие лошото менаџирање. Само во декември му беа исплатени 25 милиони евра буџетски средства, а вкупно во 2022 добиле 175 милиони евра.

Во негов мандат домашното производство на електрична енергија дојде до најниско рекордно ниво, па сега се фали што успеал нешто да подобри. Поради недостигот на домашно производство на струја Македонија за еден месец потроши над 40 милиони евра за увоз.

Тоа од кое што другите би се срамеле, Ковачевски го прикажува како наводен успех. Колку побрзо си заминат ваквите ликови од позициите, толку подобро за Македонија и за граѓаните, се вели во соопштението на опозиционерите.

Претходна вестВозач и сопатничка повредени, излетале со возилото на патот Охрид – Кичево
Следна вестПронајдено телото на жената што се фрли во Вардар кај Велес