ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ќе поевтинат сметките за струја доколку дојдат на власт

По формирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе поевтинат сметките за струја, поради укинување на тарифата за пристап на мрежа, ветија од најголемата опозициска партија, најавувајќи укинување на тарифата за пристап на мрежа од 200 денари. Според нив, ова е предвидено во нивната изборна програма, насловена како „Платформа 1198“.

Доколку дојдат на власт, од партијата на Христијан Мицкоски ветуваат ревидирање на тарифниот систем.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине мрежарината од 200 денари, на која кога ќе се пресмета и ДДВ од 18%, доаѓаме до сума од 236 денари, пари за кои веднаш ќе се намалат сметките. Со оваа мерка секое домаќинство ќе заштеди по 3.000 денари годишно, стои во партиското соопштение.

Според првиот регулатор, Марко Бислимоски, укинувањето на надоместокот за мрежарина од 200 денари би ја зголемило цената на струјата за прв блок 9,3%, односно за евтина тарифа за 15%. Со овие 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе бидат покомотни околу крајните сметки за струја, додава тој.

Во однос на ветувањата на партиите, Бислимовски дециден дека ниту партија вовела евтина тарифа, ниту партија може да укине надоместок и дека тоа го може само РКЕ.

Претходна вестЗошто детектор за лаги само за цариниците кога…­?
Следна вестСе проверува ли добро колку опасни пестициди се користат во земјоделието?